• недела, 22 декември 2024

Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад

Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад

Нови Сад, 21 ноември 2024 (МИА) – Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета.

Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера.

Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации. И во внатрешноста на зградата видливи се полициски сили.

Опозициските политичари направија човечки синџир пред кордонот и се држат за рака. Тие го поставија и знамето на Србија.

Дел од вработените во судот и обвинителството денеска дошле порано на работа, за да се обидат да ја избегнат блокадата на зградата. јт/

Фото: Н1

Остани поврзан