• сабота, 12 октомври 2024

Средби на министерот Муцунски со амбасадорот на Австрија, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Азербејџан со седиште во Белград и вршителот на работи во Амбасадата на Катар во Скопје

Средби на министерот Муцунски со амбасадорот на Австрија, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Азербејџан со седиште во Белград и вршителот на работи во Амбасадата на Катар во Скопје

10 октомври 2024

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими амбасадорот на Австрија, Мартина Памер, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев, и вршителот на работи во Амбасадата на Државата Катар во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани.

На средбата со австрискиот амбасадор, фокусот беше ставен на евроинтеграциите на нашата држава, при што министерот Муцунски ја истакна посветеноста на владата кон реформскиот процес и изрази благодарност за континуираната поддршка од Австрија. Двајцата соговорници се согласија дека евроинтеграцијата на земјите од регионот е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој, додека Австрија, како водечка земја во регионот, може да одигра значајна улога во забрзување на процесот на приближување кон ЕУ.

На средбата со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Азербејџан, за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. Камил Касијев, соговорниците ги оценија билатералните односи како позитивни и конструктивни, со посебен акцент на продлабочувањето на соработката, особено во економската сфера и енергетиката. Исто така, беше изразено задоволство од соработката на мултилатерален план, додека заложбата за заокружување на законската рамка и реализација на постоечките иницијативи во различни сектори беше истакната како приоритет.

На средбата со вршителот на работи во Амбасадата на Катар во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји. Соговорниците ја потенцираа потребата од натамошно интензивирање на севкупната билатерална соработка, особено во економијата и трговијата, како и зголемување на катарските директни инвестиции во нашата земја.

МНРиНТ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан