• среда, 06 ноември 2024

Средба Филов - Тузсон: Забрзување на хармонизацијата на националните закони со легислативата на ЕУ

Средба Филов - Тузсон: Забрзување на хармонизацијата на националните закони со легислативата на ЕУ

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) – Министерот за правда Игор Филков на денешната билатерална средба во Охрид со неговиот унгарски колега Бенце Тузсон, ја потенцираше важноста на поддршката од Република Унгарија во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ.

Како што информираат од Министерството за правда, унгарскиот министер Тузсон посочил дека нашата држава мора да го следи патоказот во врска со пристапот кон ЕУ и да го забрза процесот на хармонизација на националните закони согласно со легислативата на унијата.

- Министрите потенцира дека не постојат проблеми во однос на меѓународната правна помош во кривични и граѓански предмети меѓу двете држави, известуваат од Министерството за правда.

Од страна на министерот за правда на Република Унгарија беше претставена измената на унгарската национална легислатива и начинот на кој користат вештачка интелигенција во базата на податоци на закони и подзаконски акти.

- Министерот на Република Унгарија Бенце Тузсон го покани министерот за правда Игор Филков во официјална посета на Будимпешта со цел да биде прикажана оваа новина во дигитализацијата на базата на податоци на закони и подзаконски акти, соопштуваат од Министерството за правда. ир/дма/

 

Фото: Министерство за правда.

Остани поврзан