Средба на Спасовски со новоименуваната грчка амбасадорка Филипиду
- На средбата, како соопштија од МВР, двете страни изразија задоволство од досегашната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, кое изминативе години, посебно за
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа работна средба помеѓу министерот Оливер Спасовски и новоименуваната амбасадорка на Грција во земјава, Софија Филипиду, придружувана од полициското аташе во Амбасадата, Јанис Факас.
На средбата, како соопштија од МВР, двете страни изразија задоволство од досегашната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, кое изминативе години, посебно за време на миграциската криза, но и периодот потоа, се покажа дека е од голема важност.
Од страна на амбасадорката Филипиду е реафирмирана поддршката што Грција и ја дава на земјава во сите домени, особено во евроинтегративниот процес и е изразена подготвеност за нејзино натамошно интензивирање и продлабочување особено во делот на безбедноста. цр/сп/