• понеделник, 23 декември 2024

Средба на претставници на Царинската управа и на Асоцијацијата Макам Транс на ГП Табановце

Средба на претставници на Царинската управа и на Асоцијацијата Макам Транс на ГП Табановце

Куманово, 18 јули 2024 (МИА) - Автоматизација на терминали на граничните премини, софистициран систем за надзор, усогласување на цените на царината и на инспекторите се дел од мерките што ќе ги преземе Царината за да се скрати времето на чекање на транспортерите, соопштија денеска надлежните од Царинската управа по средбата со надлежните од Асоцијацијата Макам-транс на ГП Табановце. Ова според директорот на царината Бобан Николовски ќе придонесе за поефикасен систем за целата економија.

-Како царинска управа во моментов имаме заложби и реагираме за автоматизација на терминалите на граничните премини. Кога системот кога ќе биде имплементиран ќе биде поврзан со пософистициран систем за видеонадзор кој ќе може автоматски да ги регистрира регистарските таблички и тој систем ќе донесе многу користи информации не само за царинската управа, туку и за другите институции, за нашите, македонски транспортери ќе им го скрати времето за влегување на терминалите, изјави Николовски.

Директорите на Царинската управа, Николовски и Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов разговарале и за можноста да се усогласат смените на инспекциските служби со царинските службеници што дополнително ќе го олесни протокот.

-Втора работа која сакам да ја потенцирам, а е во интерес на транспортерите дека на наша иницијатива на царинската управа остваривме средба со директорот на агенцијата за храна и ветеринарство. Човекот има чуство за проблемите коишто се случуваат во моментов, а се поврзани со транспортерите, царинската управа и АХВ. Апелиравме да се реагира побргу, да бидат компатибилни смените на царинските службеници заедно со смените на инспекциските служби кои се под АХВ, додава Николовски.

Досега потпишаните протоколи ќе се почитуваат за да се намали времето на чекање и застанување на македонските транспортери. Повика сите одговорно да се однесуваат, сите да имаат бенефит, да имаат партнерски однос.

- Како директор на царинската управа можам да ветам дека ќе се заложам сите досега потпишани протоколи максимално да се почитуваат посебно оној протокол за белешките кои ќе скратат едно време на застанување на македонските транспортери. Од ова место едно од најфреквентните, би апелирал, до колегите царински службеници дека она што го видов овие 12-ина дена како сум директор, е загрижувачки. Би апелирал до нив сите заедно да почнеме да ја менуваме свеста на царинскиот службеник, редот, работата и дисциплината да бидат првата основна работа, но апелирам и до сите други инволвирани стопанственици, транспортери да се вклучат активно во оваа насока за да придонесат на царинската униформа да не биде погазена. Да внимаваме овој процес на царинско движење да биде партнерски однос и сите да имаат бенефит, но најмногу државата, економијата, буџетот да почне да се полни, рече Николовски.

Од Асоцијацијата Макам Транс се согласуваат дека заеднички мора да работата во интерес на сите, бараат да се преземат чекори со кои ќе се намали времето на чекање, за да обезбеди одржлив развој и раст на економијата.

- Имавме многу конструктивен разговор, бидејќи како што знаете превозот на стока во една увозно зависна држава зависи во 96 отсто случаи од превоз по патниот сообраќај. Што значи дека сите и државните институции, транспортери, заеднички, мораме да работиме за да го зголемиме обртот на превоз, со што ќе се помогне развој на стопанството, ќе се помогне и да се обезбеди одржлив развој на превозните трговски друштва. Се согласувам со директорот дека треба заеднички да работиме. Да ги дигнеме на пиедестал функциите коишто ги имала царината, полицијата, што значи дека и превозниците исто така треба да се сменат и да размислуваат на еден друг начин. Револтот којшто се јавува заради чекање, што било правење, дека треба да го намалиме со преземање на одредени активности како што е забрзување при влез со Агенцијата за ветеринарство, со другите инспектори со значи секоја можност, јас викам и пет минути да се намали времето на чекање е добро за сите нас, изјави секретарот на Асоцијацијата, Билјана Муратовска.

Транспоретрите кои ги анкетиравме бараат поголема ажурност од институциите, поголема координираност од двете страни. Тие се пожалија дека чекаат и по пет часа, особено во летниот период.

-. Ако е во период кога имаме поголема фреквенција се чека нели повеќе. Имаме две контроли место, една на полицијата. Што значи јас го барам тоа во заднина да се разменуваат кога влегуваат возила кај нас, да ги проверува нашата македонската полиција, а кога излегуваат само српската. И тука најмалку десетина минути ќе добиеме. Сега, дали некоја смена има на инспектори или што било тоа се тоа техникалии, кои мора да се средат и да се најде оптималниот начин како можеме да соработуваме, работиме да се надминат. Инаку да ви кажам пет часа во споредба со тоа што ние чекаме за влез во Хрватска, за влез во Унгарија, тоа се како награда, бидејќи по 30 часа, по 48, по два дена, по три дена се чека, што е страшно и тоа се нестандардни мерки коишто тие ги спроведуваат. И од тој аспект како државна институција Царинската треба навистина да не поддржуваат да ни дадат можности да се почувствуваме важни во самата држава за да можеме и натаму да одиме и да се бориме да се развивамe, рече Муратовска.

Николовски кажа дека ќе ги почитува сите протоколи, вклучително и оној кој е потпишан од претходникот за еднаш да се мерат камионите и да се надмине метежот.

-Јас силно ќе се заложам, знам дека е потпишан тој протокол со Р. Србија, и овој протокол ќе се заложам да профункционира максимално. Она што денеска го имам како информација дека од февруари до вчера мислам околу 550 камиони само еднаш ја искористиле таа можност. Меѓутоа тука треба да се апелира и до самите транспортери да се повикаат на тој договор. Инаку ќе се заложиме максимално да функционира, рече Николовски. ам/сст/

фото МИА и Царинска управа

 

Остани поврзан