• понеделник, 01 јули 2024

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Антонио Виторино

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Антонио Виторино
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генералниот директор на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Антонио Виторино. На средбата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, се разговарало за тековните активности на организацијата во Република Северна Македонија во однос на прашања врзани со миграцијата. Претседателот Пендаровски се заблагодарил за севкупната поддршка што организацијата ја дава на македонските институции во градењето капацитети за менаџирање на миграцијата, заштитата на мигрантите, борбата против трговијата со луѓе, како и поддршката во усогласување на системот за управување со миграцијата со правото на Европската Унија. На средбата шефот на државата ја истакнал посветеноста на Северна Македонија за развој на одржлива и сеопфатна рамка за управување со легалната и нелегалната надворешна миграција, согласно усвоената национална Резолуција на мигрантската политика 2021-2025 година. дма/нд/

Остани поврзан