Средба на претседателот Гаши и собраниска делегација со британскиот парламентарен комесар за стандарди
- Како што соопшти собраниската прес-служба, Гриндберг ги пренел искуствата на Британскиот парламент во оваа сфера, начинот и методите на неговата работа, како јавноста во Обединетото Кралство е информирана за поведените постапки и резултатот од истите. Ги истакнал трите основни принципи во работењето по кои се води парламентарниот комесар за стандарди, а тоа се: отвореноста, чесноста и интегритетот и објективноста. Тој посочил дека основен предуслов еден етички кодекс да биде реално имплементиран, е истиот да биде кус и да се спроведува во целост.

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Во рамките на официјалната посета на Обединетото Кралство, претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата оствариле средба со Даниел Гриндберг, парламентарен комесар за стандарди.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Гриндберг ги пренел искуствата на Британскиот парламент во оваа сфера, начинот и методите на неговата работа, како јавноста во Обединетото Кралство е информирана за поведените постапки и резултатот од истите. Ги истакнал трите основни принципи во работењето по кои се води парламентарниот комесар за стандарди, а тоа се: отвореноста, чесноста и интегритетот и објективноста. Тој посочил дека основен предуслов еден етички кодекс да биде реално имплементиран, е истиот да биде кус и да се спроведува во целост.
Претседателот Гаши и Делегацијата накусо го запознале комесарот со Етичкиот кодекс на пратениците во Собранието, како алатка која обезбедува насоки за постапување на пратениците во Собранието, како и правила за одговор на неприфатливо однесување на пратениците, стои во соопштението.
Во текот на дискусијата, биле разменети видувања за подобрување на етиката и интегритетот во работењето на пратениците, одговорноста и посветеноста во градењето на парламент отворен кон јавноста.
Парламентарниот комесар за стандарди се избира директно од Домот на пратеници на Британскиот парламент со мандат од пет години и ужива голема почит и доверба како во Парламентот, така и во јавноста. Неговите одлуки се секогаш спроведени во целост, со многу мали исклучоци на несогласување со истите од страна на пратеникот кон кого е покрената постапка. Комесарот е високо профилиран јавен службеник со висок морален интегритет и достоинство за вршење на таа престижна функција, стои во соопштението на собраниската прес-служба. нд/
Фото: Собрание