• петок, 05 декември 2025

Средба на Николоски со хрватската амбасадорка Тигањ – изградбата на брзата пруга на Коридор 10 предуслов за брз и ефикасен транспорт

Средба на Николоски со хрватската амбасадорка Тигањ – изградбата на брзата пруга на Коридор 10 предуслов за брз и ефикасен транспорт

Скопје, 1 декември 2025 (МИА) – Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ, на која ги презентираше инвестициските планови на Владата за изградба и модернизација на патните и железничките Коридори 8 и 10, како дел од европските транспортни мрежи.

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт, на средбата, Николовски ја нагласил можноста за интезивирање на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Хрватска во интерес на двете земји.

– Посебен фокус на средбата се стави на изградба на брзата пруга на Коридор 10, како предуслов за брз и ефикасен транспорт на добра кон Централна и Источна Европа, нагасувајќи ја можноста за учество на специјализирани компании од Хрватска во реализација на овој проект. Двајцата говорници разменија и мислења околу актуелните политички прашања во земјава и регионот, евроинтегративниот процес и стабилноста на Западен Балкан, стои во соопштението.

Николоски и Тигањ, додаваат, ги потврдиле одличните односи меѓу двете земји и се согласиле истите да продолжат да се оддржуваат на високо ниво во интерес на меѓусебната соработка. ра/вј/

Фото: Министерство за транспорт

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан