• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот Љутков со евроамбасадорот Михалис Рокас

Средба на министерот Љутков со евроамбасадорот Михалис Рокас

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари средба со новиот евроамбасадор, Михалис Рокас.

На средбата, министерот Љутков потенцирал дека соработката со ЕУ e еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам. Тој истакнал дека Северна Македонија вложува значителни напори во развојот на културниот и туристичкиот потенцијал на земјава, особено на заштитата на културното наследство, при што поддршката од ЕУ во овој процес е од клучна важност за понатамошниот раст на економијата и за меѓународна промоција на земјава.

Во тој контекст, како што информираат од Министерството за култра, соговорниците размениле и мислења и ставови за унапредување на соработката во областа на културата и туризмот, а разговарале и за можностите за натамошно зацврстување на партнерството со ЕУ во овие два клучни сектори.

На средбата станало збор и за начините и можностите за искористување на европските фондови за финансирање проекти кои ќе ги подобрат културните и туристичките капацитети на земјава преку разни инцијативи во овие области.

Амбасадорот Рокас нагласил дека соработката и помошта во реализацијата на проектите, како што се реконструкцијата на Шалтер-салата на Поштата која треба да прерасне во мултифункционален центар и манифестацијата „Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година“, ќе придонесат за дополнително зацврстување на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија.

Министерот Љутков му посакал успешна дипломатска мисија на евроамбасадорот Рокас и изрази очекување дека за време на неговиот мандат, пријателските односи и соработката во областа на културата и туризмот со Европската Унија ќе продолжат да се засилуваат и да се продлабочуваат со уште понагласена динамика. сст/са/

фото Министерство за култура и туризам

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан