• сабота, 23 ноември 2024

Средба на министерот Љутков со евроамбасадорот Гир

Средба на министерот Љутков со евроамбасадорот Гир

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје, информираат од Министерството за култура.

На средбата, министерот Љутков изразил благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам.  

-Двајцата соговорници потенцираа дека соработката со делегацијата на ЕУ, како најзначен партнер на Министерството за култура и туризам, продолжува и во иднина во делот на поддршката на заштитата на културното наследство, размената на идеи, вредности и традиции што се од суштинска улога во градењето на заедничкиот европски простор, се вели во соопштението од Министерството.

Во тој контекст, министерот Љутков и евроамбасадорот Гир се согласиле дека од особено значење е интеграцијата на Министерството за култура и секторот за туризам. Ова, сметаат, ќе придонесе за развој на креативните и културните индустрии што, секако, е и еден од приоритетите на Министерството.

Евроамбасадорот Гир дал поддршка на новите политики на Министерството за култура и туризам и програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“. Исто така, била поздравена и соработката во однос на организацијата на Министерскиот состанок на министрите за култура и туризам и за образование и наука кој, во партнерство со ЕУ, треба да се реализира во септември годинава. сст/ац/

Фото: Министерство за култура 

Остани поврзан