• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот Перински со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал

Средба на министерот Перински со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска имал средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал на која се разговарало за продолжување на соработката за подобрување на нормативните решенија и капацитетноста на општините за поефикасно извршување на надлежностите, соопштија од Министерството за локална самоуправа.  

На средбата било потврдено дека поддршката на ОБСЕ е важна за Министерството за локална самоуправа во подобрувањето на системот на локалната самоуправа.

Министерот Перински на состанокот истакнал дека Владата и Министерството за локална самоуправа се особено посветени на развојот на општините што до крајот на годината ќе резултира со конкретна финансиска поддршка за реализација на капитални проекти. Паралелно, се додава во соопштението, ќе се работи и на подобрување на системот на локалната самоуправа, пред се заради подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните.

- Очекувам дека соработката на Министерството за локална самоуправа со ОБСЕ, заедно со локалните власти, ќе резултира со конкретни решенија во интерес на граѓаните. Ги реализираме стратешките приоритети за стабилен, демократски, инклузивен и рамномерен развој. Верувам дека со реализација на планираните активности ќе го зајакнеме  институционалниот и демократскиот капацитет за управување со процесите на локално ниво, рекол министерот Перински. цр/ац/

Фото: Министерство за локална самоуправа

Остани поврзан