• недела, 22 декември 2024

Средба на министерот Османи со претседателот на ФФМ, Сејдини

Средба на министерот Османи со претседателот на ФФМ, Сејдини
Скопје, 15 јули 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретнал со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини. Упатувајќи му честитки за постигнатиот успех на дебито на Република Северна Македонија на овогодинашното Европското првенство, Османи во името на Владата и Министерството за надворешни работи, се заблагодарил за достоинственото претставување на земјата во меѓународната јавност. - Централна тема на средбата беа предизвиците со кои се соочува именувањето на националната фудбалска федерација, како и на фудбалската репрезентација на земјава. Османи посочи на законските обврски за примена на уставното име за организациите кои ја преставуваат земјата и кои било каков начин примаат дотации или друг вид финансирање од државата. Соговорниците се согласија дека на оваа тема ќе ѝ пристапат со добра волја и позитивен пристап, со цел да се надминат сите несогласувања и предизвици кои се појавуваат, соопштија денеска од МНР. На средбата, стои во соопштението, министерот Османи го известил Сејдини дека Министерството за надвoрешни работи навремено реагирало и до УЕФА и странските медиумите за погрешното применување на државјанството на членовите на Организацијата и репрезентативците, посочувајќи притоа дека УЕФА навремено ги коригираше грешките. цр/ац/

Остани поврзан