• четврток, 15 август 2024

Средба на министерот Муртезани со амбасадорот на Обединеото Кралство, Лосон

Средба на министерот Муртезани со амбасадорот на Обединеото Кралство, Лосон

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска имаше средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон, на која беше реафирмирано цврстото партнерство меѓу двете земји, со фокус на тековната и идна соработка во клучните развојни области, соопшти неговиот кабинет.

Министерот Муртезани изрази благодарност за конзистентната политичка, економска и развојна поддршка од страна на Обединетото Кралство низ годините. Тој истакна дека соработката со Обединетото Кралство е клучна за зајакнување на капацитетите на земјата во критичните области, работејќи заедно со меѓународните и локалните партнери за да се осигура дека овие проекти се усогласени со стратешките приоритети на двете земји.

Министерот Муртезани и амбасадорот Лосон разговараа за долгогодишното успешно партнерство, вклучувајќи ја и поддршката за изработката на Националната развојна стратегија на Северна Македонија и напорите за подобрување на процесите во јавното управување. Тие ја разгледаа успешната имплементација на проектите поддржани од Обединетото Кралство, особено во полициските реформи, правосудството, транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите како и промовирањето на принципите на еднаквост во општеството.

Муртезани и Лосон ја потенцираа важноста од координацијата на донаторите, подвлекувајќи го долгогодишното британско искуство во развојната соработка како значајна компонента при усогласувањето на стратешките цели во напорите на земјата за одржување на стабилноста и безбедноста, доброто владеење и промовирање на различноста и мултикултурализмот, стои во соопштението од кабинетот на министерот за европски прашања.са/

Фото: Министерство за европски прашања

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан