• петок, 16 август 2024

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - На граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/аа/

ФОТО: МИА Архива

Остани поврзан