• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот Минчев со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан

Средба на министерот Минчев со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан

Скопје, 2 септември 2024

 

Министерот за јавна администрација Горан Минчев се сретна со Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан на разговори за соработка на проект за унапредување на дигиталната писменост, подобрување на вештините на вработените во јавната администрација преку имплементација на иновативни програми за обука и надградба на Системот за управување со учењето (LMS)

 
 
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари продуктивна средба со Армен Григорјан, Постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија.
 
На средбата стана збор за заедничките напори за унапредување на дигиталната писменост, подобрување на вештините на вработените во јавната администрација преку имплементација на иновативни програми за обука и надградба на Системот за управување со учењето (LMS).
 
Примарната цел на овој проект е развој на Системот за управување со учење (LMS) кој ќе послужи како основа за креирање и испорака на онлајн програми за обуки прилагодени за вработените во јавната администрација низ целата држава.
 
Проектот вклучува насочена обука за дигитална писменост дизајнирана да го премости дигиталниот јаз и да обезбеди сите граѓани, без оглед на нивната локација или социоекономски статус, да имаат можност да учествуваат и да имаат корист од тековната дигитална трансформација.
 
Министерот Минчев изрази благодарност до канцеларијата на УНДП за нивната континуирана поддршка и соработка, нагласувајќи ја важноста на ова партнерство за поттикнување на дигиталната агенда во нашата земја.
 
„Овој проект претставува одлична можност за опремување на јавната администрација со потребните алатки и знаења во насока на понатамошното постапување кон предизвиците од дигиталната ера“ - изјави министерот Минчев.
 
Постојаниот претставник на УНДП, Григорјан, ја истакна посветеноста на УНДП за поддршка на напорите на Република Северна Македонија за унапредување на дигиталните вештини и писменост. Тој истакна дека овој проект е дел од една поширока стратегија за да се осигура дека дигиталната трансформација е инклузивна и никого не остава зад себе.
 
„Задоволство ни е да бидеме партнери со Министерството за јавна администрација на овој клучен проект. Заедно, можеме да изградиме поотпорен и поквалификуван јавен сектор, а истовремено да се справиме со дигиталниот јаз во руралните и оддалечените области“ - посочи Постојаниот претставник на УНДП.
 
Развојот на LMS системот и воведувањето на онлајн програмите за обука се очекува да започнат во наредните месеци, со фокус на одржливост и приспособливост за да се обезбеди долгорочно влијание.
 
Заложбите од програмата на Владата на Република Северна Македонија, преку стратешки партнерства и иновативни проекти, Министерството за јавна администрација посветено ги остварува и работи на зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и дигиталните способности на јавниот сектор во Република Северна Македонија. Крајната цел на Министерството за јавна администрација е поттикнување на достапна, модерна и инклузивна јавна администрација. 

Со почит,

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Фото: Кабинет на Министер за Јавна Администрација

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан