Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати
- Тековниот напредок во спроведувањето на реформите, како и клучните предизвици со кои се соочуваат институциите, беа во фокусот на денешниот состанок посветен на реформската агенда, на кој учествуваа претставници од релевантни институции и засегнати страни, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
Скопје, 2 април 2026 (МИА) - Тековниот напредок во спроведувањето на реформите, како и клучните предизвици со кои се соочуваат институциите, беа во фокусот на денешниот состанок посветен на реформската агенда, на кој учествуваа претставници од релевантни институции и засегнати страни, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

-Учесниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати, со цел унапредување на системот и приближување кон европските стандарди, напиша Мицкоски. дма/сст/
Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски