• сабота, 23 ноември 2024

Средба на гувернерката на НБ со новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на САД

Средба на гувернерката на НБ со новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на САД
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - И покрај предизвиците коишто ги донесе војната во Украина за глобалната и домашната економија, макроекономската и финансиската стабилност во земјава се задржаа. Ова беше заклучено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на САД во земјава, Рајан Милер. На средбата, соопшти денеска НБ, стана збор за тековните економски случувања и остварувања, како и за политиките и мерките коишто се преземаат за одржување на стабилноста. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, посочи дека новиот контекст условен од заострувањето на геополитичките тензии доведоа до изразени нагорни притисоци врз инфлацијата, а надолни врз економскиот раст. Таа наведе дека Народната банка започна со постепено зголемување на основната каматна стапка, придонесувајќи за смирување на инфлациските очекувања и за одржување на среднорочната ценовна стабилност. Народната банка беше присутна на девизниот пазар со цел да ја задржи стабилноста на курсот од почетокот на кризата со надополнување на понудата на девизи. Беа донесени и целни мерки преку промени во инструментот задолжителна резерва, заради натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, со цел да се поттикне штедењето во домашна валута. Како резултат на ова, успешно се задржа стабилноста на девизниот курс. На средбата, информираат од НБ, стана збор и за економскиот раст, којшто во вториот квартал од 2022 година изнесува 2,8 проценти и во целост се совпаѓа со проекцијата на централната банка од 2,8 проценти. Сепак, беше посочено дека ризиците за економијата во втората половина на годината се надолни, што е поврзано со движењата на цените на енергентите на светските пазари и ефектот на пренос којшто го имаат врз домашните цени. Неизвесноста и натаму е висока и е условена од случувањата во Украина и санкциите кон и од Русија, а сè уште постојат и ризиците од нови соеви или нови бранови на Ковид-19. -Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка внимателно ги следи и меѓународните и домашните економски движења и соодветно ги осмислува политиките коишто ги водат монетарните власти за одржување на макроекономската стабилност, стои во соопштението од НБ.лв/са/

Остани поврзан