• среда, 03 јули 2024

Средба на градоначалникот Митовски со министерот за локална самоуправа Милевски

Средба на градоначалникот Митовски со министерот за локална самоуправа Милевски
Крива Паланка, 24 јануари 2022 (МИА) – Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска имаше работна средба со министерот за локална самоуправа Горан Милевски. -Децентрализацијата, но и значењето и придобивките за граѓаните кои произлегуваат како резултат на плодната соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Министерството за локална самоуправа беа во фокусот на денешната работна средба. Општина Крива Паланка и Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе ја продолжат својата успешна соработка, посочуваат од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка. Оттаму нагласуваат дека можностите за имплементирање нови проекти за доброто на граѓаните продолжува со заеднички сили и поддршка од централната власт.ид/вј/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан