• понеделник, 04 ноември 2024

Средба на градоначалникот Касами со министерката Димитриеска-Кочоска

Средба на градоначалникот Касами со министерката Димитриеска-Кочоска

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Децентрализацијата на општините, како еден од заедничките програмски приоритети на владината коалиција, беше тема на денешната прва работна средба на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, соопшти Општина Тетово.

-Ваквата пракса на координација меѓу централната и локалната власт ќе продолжи и во иднина.
Градоначалникот Касами и министерката Кочоска-Димитриеска се согласија дека општините се првиот сервис за потребите на граѓаните и се мотор за реализација на капиталните инвестиции утврдени во државниот буџет, се наведува во соопштението. 

Од Општината посочуваат дека Посебната финансиска програма од 6 милијарди денари до крајот на 2024,  утврдени со ребалансот на буџетот, „е важен чекор во насока на зајакнување на институционалните капацитети на единиците на локална самоуправа за ефикасно реализирање на проекти од витално значење за граѓаните“. хс/

Фото: Општина Тетово 

Остани поврзан