• петок, 27 декември 2024

Средба на Бајден со Си в сабота веројатно последен пат за време на неговиот мандат како претседател на САД

Средба на Бајден со Си в сабота веројатно последен пат за време на неговиот мандат како претседател на САД

Вашингтон, 14 ноември 2024 (МИА) - Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден в сабота ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, најверојатно за последен пат во неговиот мандат, соопштија високи претставници на американската администрација.
Средбата ќе се одржи во време кога Кина се подготвува за потенцијално заострување на односите со американската администрација во време на Доналд Трамп.

Двајцата лидери се очекува да се сретнат на маргините на Форумот за азиско-пацифичка економска соработка (APEC) во Лима, Перу, за да разговараат за низа жешки глобални теми, вклучително и зголемените тензии меѓу Вашингтон и Пекинг.
Бајден и Си се обидуваа да ги задржат тензиите под контрола за прашања кои се движат од Тајван и Јужното Кинеско Море, до Северна Кореја и Русија, за да и помогнат на Кина да го спречи трансферот на состојки за фентанил.

„Досегашните разговори не беа лесни, но искреноста беше важна во управувањето со меѓудржавните односи“, рече еден од официјалните лица кој сакаше да остане анонимен.

Бајден и Си ги продолжија директните разговори минатиот ноември, што доведе до поголема соработка во борбата против наркотиците, но има мал напредок за други значајни, спорни прашања. зш/

Остани поврзан