• вторник, 09 јули 2024

Средба Мицотакис - Чеферин во Атина

Средба Мицотакис - Чеферин во Атина

Атина, 16 август 2023 (МИА) – Случувањата во грчкиот и европскиот фудбал се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со претседателот на УЕФА Александер Чеферин, јави дописничката на МИА од Атина. 

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, половина час по нивната средба, ќе одржи и состанок во проширен состав на кој освен претседателот на УЕФА и надлежните грчки министри поканети се да учествуваат и сопствениците на грчките фудбалски клубови Олимпиакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК.

Мицотакис минатата седмица имаше телефонски разговор со Чеферин и се договорија денеска да се сретнат во Атина.

По средбите во Премиерската палата, претседателот на УЕФА, попладнево ќе се сретне и со првиот човек на Грчката фудбалска федерација Панајотис Балтакос.

Вечерва на стадионот „Георгиос Карајскакис“ на Олимпијакос во Пиреас ќе се одржи финалето од Суеперкупот меѓу Манчестер Сити и Севиља. ср/зс/

Остани поврзан