• сабота, 06 декември 2025

Средба Коцевски – Ле Риголер

Средба Коцевски – Ле Риголер

Скопје, 30 април 2025 (МИА) - Состојбите во Јавното обвинителство и француската поддршка за реформите во правосудниот сектор воопшто биле тема на денешната средба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и францускиот амбасадор во државава Кристоф Ле Риголер.

Прес-службата на обвиителството соопшти дека обвинителот Коцевски детално го запознал амбасадорот Ле Риголер со предизвиците особено во однос на кадровски и финансиски услови со кои се соочува Јавното обвинителство, како и со преземените активности за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата.

-За Јавното обвинителство на Република Северна Македонија меѓународната соработка е висок приоритет, а во тие рамки соработката со Република Франција се истакнува како исклучително важна. За нас и за вкупниот правен систем на Република Северна Македонија, особено вредно е богатото искуство што на експертско ниво може да го понуди правниот систем на Република Франција, рекол Коцевски.

Ле Риголер, пак, изразил поддршка за активностите на Јавното обвинителство, нагласувајќи дека правосудниот систем е клучна област за владеење на правото и секогаш е предмет на интерес од перспектива на членството на земјата во Европската унија.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан