• петок, 26 јули 2024

Средба Димитриевски-Ќехаја во општина Куманово

Средба Димитриевски-Ќехаја во општина Куманово
Куманово, 22 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска оствари протоколарна средба со новоназначениот амбасадор на Република Косово, Флоријан Ќехаја, информираа од Општината.
На средбата, како што е наведено, Димитриевски и Ќехаја разговарале за одржување и интензивирање на соработката и поддршка во спроведување на активности кои се од интерес на двете држави.
  - Заедно со амбасадорот Ќехаја заклучивме дека односите помеѓу двете држави се на високо ниво, кое треба да се одржува преку соработка со поголем интензитет, отворен дијалог со меѓусебна поддршка и напорна работа, со цел успешно да се спроведат активности во сите општествени сфери, истакна градоначалникот Димитриевски. Кумановскиот градоначалник на средбата упатил искрена поддршка за успешно исполнување на работната обврска на косовскиот амбасадор во нашата земја. ам/мд/

Остани поврзан