• сабота, 23 ноември 2024

Средба Грковска - Худолин: Поддршката на ЕУ е исклучително важна, работиме на решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи

Средба Грковска - Худолин: Поддршката на ЕУ е исклучително важна, работиме на решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска се сретна со шефот на секторот за соработка на Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин.
Притоа, како што соопштија од владината прес-служба, вицепремиерката Грковска нагласила дека поддршката на ЕУ е исклучително важна во градењето на демократските капацитети за просперитет и економски напредок на Република Северна Македонија.
Таа потенцирала дека, меѓу другото, нејзиниот Кабинет е фокусиран на дигиталната трансформација на општеството, градење на транспарентни и ефикасни институции, како и креирање на антикорупциски политики.Грковска нагласила и дека во наредниот период максимално ќе се ангажира во насока на дигитализацијата на процесите и услугите, зашто тоа е процес што директно влијае врз подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Потенцирала дека особен акцент става на изготвување на решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина.Шефот на одделот за соработка Худолин потенцирал дека меѓуинституционалната соработка и координацијата се клучни за успешна реализација на проектите и за нивната одржливост.На средбата се разговарало и за статусот на реализација на тековните и идни проекти во насока на дигитализација на процесите кај институциите, што се финансирани преку ИПА проектите, како и антикорупциските политики, стандардизација на процесите и спроведување на идни заеднички активности.Воедно, на работната средба биле разгледувани и можностите за соработка и во однос на идните проекти кои би биле поддржани преку програмата ИПА 3.Во тој контекст Худолин изразил подготвеност за продолжување на соработката и нагласил дека Кабинетот на Грковска има клучна улога при координацијата на проектите во кои се вклучени повеќе институции. сст/дма/
 

Остани поврзан