• понеделник, 23 декември 2024

Дебата за приближување на националното законодавство кон европските напори за eколошка правда

Дебата за приближување на националното законодавство кон европските напори за eколошка правда

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Скопје ќе ја одржи петтата сесија од Работната група 5 (Поглавје 27) – „Животна средина“ на тема: „Приближување на националното законодавство кон европските напори за eколошка правда“.

Се очекува низ дијалог на претставници на релевантни институции, граѓански организации, меѓународни експерти... да се постават витални прашања за заштитата на животната средина, со фокус на правната и институционална структура како основен предуслов за превенција и борба против загрозувањето на животната средина.

Воведни обраќања ќе имаат проф. Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење и Бојана  Станојевска-Пецуровска, претседавач и претседателка на Центарот за климатски промени, Скопје.

Во рамките на Работната сесија ќе се одржи панел-дискусија на која ќе учествуваат експертите: Никола Јовановски, програмски менаџер од Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), како и Норберт КУРИЛА, советник на претседателот на Република Словачка за животна средина, енергија, климатски промени и бизнис клима и Пејо  Киревски, главен инспектор за заштита на природата во Државниот инспекторат за животна средина.

Во вториот дел на сесијата со своја експертиза ќе се претстават и Тања Пауновска, раководителка на Сектор за соработка со единици на локална самоуправа и управни и надзорни работи и претседател на Прекршочна комисија во Министерството за животна средина и просторно планирање, Африм Османи, професор при Универзитетот во Тетово и Марина Малиш – Саздовска, професорка на Факултетот за безбедност „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Проектот Национална конвенција за Европската Унија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот се реализира од страна на Европското движење, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија  и SlovakAid. лв/са/

Остани поврзан