• недела, 22 декември 2024

Спортскиот директор на ПСЖ негира заминување на Покетино

Спортскиот директор на ПСЖ негира заминување на Покетино
Париз, 31 мај 2021 (МИА) - Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо ги негираше шпекулациите за можно заминување на тренерот Маурисио Покетино. - Покетино има две години договор со Пари Сен-Жермен. Ние сме среќни поради тоа што тој е наш предводник, истакна Леонардо. Реакцијата на управата на ПСЖ доаѓа по бројните шпекулации дека 49-годишниот аргентински фудбалски стручњак ова лето може да замине во Реал Мадрид или повторно да го преземе Тотенхем. Покетино дојде во ПСЖ во јануари 2021 година и со него го освои Купот на Франција, но не успеа да дојде до трофејот во Лига 1. зс/

Остани поврзан