• четврток, 16 април 2026

По првиот дел во Копенхаген – без голови, Димитриевски со неколку добри одбрани

По првиот дел во Копенхаген – без голови, Димитриевски со неколку добри одбрани

Копенхаген, 26.март 2026 (МИА) – Првото полувреме од бараж дуелот за пласман на СП 2026 на македонскиот национален тим против Данска во Копенхаген заврши без голови – 0:0. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски во првата половина од првиот дел беа рамноправни на теренот.

Првата посериозна шанса во 14.минута ја имаше домаќинот кога ударот на Хојлунд, Зајков го изблокира во корнер, а три минути подоцна бекот Меле упати удар директно во нашиот голман Димитриевски. Најзрелата шанса за Данска ја имаше капитенот Хојберг, кој биеше надвор од шеснаесетникот, а Димитриевски одбрани. Во завршницата на првиот дел Димитриевски имаше уште една интервенција.

Македонскиот тим воглавно се бранеше во завршницата на првиот дел, а единствениот удар кон голот на Данска го имаше капитенот Барди.

Победникот од овој дуел во финалето на баражот ќе игра против победникот од дуелот Чешка – Република Ирска, а водство од 2:1 на полувреме има Република Ирска. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан