• вторник, 02 јули 2024

Спортската сала во Ново Лисиче доби нова подлога и ЛЕД-светилки

Спортската сала во Ново Лисиче доби нова подлога и ЛЕД-светилки
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - Салата во спортскиот центар „Ново Лисиче“ доби нова ергономска подлога и нови штедливи ЛЕД-светилки. Новата подлога, како што посочуваат од Општина Аеродром, ќе придонесе за побезбедно спортување на граѓаните кои го користат спортскиот центар како место за тренинг и релаксација. - Спортот е еден од најважните фактори на нашето општество, а Аеродром гордо го носи епитетот – спортска општина. Ние како Општина го негуваме спортскиот дух на аеродромци и посветено работиме на обезбедување современи услови во салите и на отворените игралишта, вели градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. Од Општина Аеродром најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со реконструкција  на спортските и детските игралишта. сст/сп/

Остани поврзан