• четврток, 07 ноември 2024

Спајк Ли подготвува документарец за 20-годишнината од 11. 9. 2001

Спајк Ли подготвува документарец за 20-годишнината од 11. 9. 2001
Лос Анџелес, 3 март 2021 (МИА) - Американскиот режисер Спајк Ли подготвува документарна серија за 20-годишнината од терористичките напади на кулите близначки во САД, на 11 септември 2001 година. Продукцискиот проект е на ХБО, но оттаму засега не соопштуваат кога ќе се емитува серијата. Се знае само дека тоа ќе биде во текот на оваа година. Ли собрал над 200 изјави од њујорчани и од граѓани на САД по нападот. Режисерот во минатото веќе соработуваше со ХБО, и сними документарец за последиците од ураганот Катрина во Њу Орлеанс. Во 2019 година, Ли го освои Оскарот за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Црниот К.К. клановец“ (BlacKKKlansman). Во 2015 година тој го доби и почесниот Оскар за животно дело.  си/

Остани поврзан