• петок, 28 јуни 2024

„Спасувањето на војникот Рајан“ повторно на големиот екран за 80-годишнината од Денот Д

„Спасувањето на војникот Рајан“ повторно на големиот екран за 80-годишнината од Денот Д

Париз, 29 мај 2024 (МИА) - Епската сага на Стивен Спилберг - „Спасувањето на војникот Рајан“ ќе биде прикажана во околу 300 француски киносали на 6 јуни - 80-годишнината од големата операција, позната како Денот Д во Втората светска војна, соопшти американското филмско студио „Парамаунт“ вчера.

Крунисан со пет „Оскари“, филмот за офанзивата нуди суров поглед кон смртоносните борби од летото 1944 година.

Инаку, ова ќе биде ограничено повторно објавување на филмската класика од 1998 година. Филмот го следи Том Хенкс како капетан Џон Милер, кој води неколку трупи низ хаосот на инвазијата на Сојузниците во северна Франција. Целта е спасување на војникот Џејмс Рајан (го глуми Мет Дејмон), чии соборци паднале во битка.

Во завршната сцена, повозрасниот Рајан го посетува гробот на Милер на американските гробишта во Нормандија. Токму таму, претседателот на САД, Џо Бајден следната недела ќе им оддаде почест на војниците кои загинаа на Денот Д.

„Спасувањето на војникот Рајан“ заработи 482 милиони долари на киноблагајните ширум светот.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан