• петок, 17 мај 2024

Спасовски – Лунгароти: Досегашна соработка со ИОМ одлична, во ноември во Скопје конференција за управување со миграциите во регионот

Спасовски – Лунгароти: Досегашна соработка со ИОМ одлична, во ноември во Скопје конференција за управување со миграциите во регионот
Скопје, 22 јуни 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со Лаура Лунгароти, координатор за земјите од Западен Балкан и шеф на Мисијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Босна и Херцеговина, со Соња Божиновска-Петрушевска, шеф на мисијата на ИОМ во Скопје и со Горан Свилановиќ, консултант на ИОМ за регионот. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на средбата било изразено големо задоволство соработка со ИОМ и проекти кои се имплементирале во земјава. Целта на средбата била и координација за министерската конференција за одржливо управување со миграциите во регионот на Западен Балкан, која треба да се одржи во средината на ноември во Скопје. Целта на оваа конференција ќе биде да се опфатат сите теми кои ги засегаат земјите од Западен Балкан и меѓународните организации кои ќе земат учество и, воедно создавање подобра синергија помеѓу земјите за справување со предизвиците околу миграцијата. - Со Меѓународната организација за миграции изградивме повеќе од партнерска соработка за подобрување на капацитетите на земјата за справување со миграциските текови. Заедничката конференција во која ќе копретседаваме со Чешката Република, која тогаш ќе биде и претседавач со Европската Унија, а со која имаме извонредна билатерална соработка во областа на безбедноста, ќе биде можност за креирање на нови насоки во менаџирање на миграциските текови и илегалните миграции со однапред подготвени и прецизирани политики за справување со предизвиците, потенцира министерот Спасовски. Лугнати во своето излагање рече дека присуството на сите министри од регионот, заедно со ЕУ претставници ќе креира заедничка политика која ќе се преточи во заедничка декларација, со нова визија за справување со миграциите со заеднички и координиран пристап на земјите учеснички. Учесниците на средбата се согласија дека соработката продолжува и понатаму со цел заедничко координирање на земјата со регионот во менаџирање на миграциските текови и илегалната миграција. свс/сп/

Остани поврзан