• сабота, 23 ноември 2024

Спасовски: СДСМ има план фокусиран на локалната економија

Спасовски: СДСМ има план фокусиран на локалната економија

Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - За нас малите бизниси се нашите темели - воведуваме редовен месечен Локален економски форум со малите бизниси. Ги слушаме потребите на малите фирми, на гранапите, дуќаните, бидејќи нашето секојдневие е токму тоа - нашата локална економска приказна, истакна вечерва потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на средбата со граѓаните на Сопиште, каде беше претставен кандидатот за градоначалник Сашо Стојановски.

Спасовски рече дека со поддршка на Владата, Сопиште ќе се развива така како што сакаат граѓаните, градат она што им е потребно на граѓаните, затоа што разговараме со граѓаните, ги слушаме, затоа што имаме план и визија, затоа што го имаме Најдоброто.

- Владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше 840.000 евра во 11 километри патна инфраструктура во општина Сопиште. Овде во Сопиште завршена е рехабилитација на регионалниот пат Сопиште – Долно Соње со должина од 3,7 километри за што вложивме 220.000 евра во 2020 година. Рехабилитиран е регионалниот пат Сопиште – Говрлево долг 7,20 км, за што издвоивме 620.000,00 евра во 2020 година, посочи тој.

Она што го правиме како централна власт во овие четири години во сите области, потенцираше Спасовски, придонесе денеска нашите граѓани да имаат повисок животен стандард, да се отвораат нови работни места, а општините и регионите рамномерно да се развиваат.фф/цр

Остани поврзан