• понеделник, 23 декември 2024

Спасовски: Пораст на заплените на оружје и муниција за 20 отсто

Спасовски: Пораст на заплените на оружје и муниција за 20 отсто

Скопје, 17 август 2023 (МИА) - Борбата против недозволена трговија со оружје бележи пораст на заплените со оружје и муниција за 20 отсто во првите шест месеци во 2023 година, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Откриени се 76 кривични дела, сузбиена 10-члена поликриминална организирана криминална група, кривично пријавени 90 сторители. Запленети се и 72 парчиња оружје и 39.345 парчиња муниција, се наведува во објавата на фејсбук статусот на Спасовски. вг/са/

 

Остани поврзан