• петок, 22 ноември 2024

Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина

Спасовски: Борбата на Делчев беше за Македонија со европска иднина

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 4 мај 2024

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, положи цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во кругот на Гимназијата „Гоце Делчев”, во Куманово, по повод 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер. Во продолжение честитката од Спасовски на социјалните мрежи:

„Гоце Делчев - син на Македонија, двигател на македонскиот цивилизациски напредок.

Денеска, со посебен пиетет положив цвеќе пред бистата на великанот Гоце Делчев во мое Куманово, по повод 121 годишнината од загинувањето на македонскиот јунак.

Борбата на македонскиот револуционер Гоце Делчев никогаш не беше свртена кон минатото, туку кон иднината. Македонија со европска иднина, како дел од демократскиот и прогресивен свет. Тој ни остави аманет за вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

И никогаш посилно не одекнувале неговите зборови во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ - Идеалите и заложбите на великанот Делчев ги продолжуваме остварувајќи го вековниот сон за слободна, демократска и економски напредна Македонија, дел од најмоќните светски сојузи НАТО и ЕУ - како Македонци, со македонски идентитет, посебност, јазик, култура и традиција.

Нека му е вечна слава!”, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

Центар за односи со јавност на СДСМ

Фото: СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан