• четврток, 04 јули 2024

Спасени околу 50 бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Родос

Спасени околу 50 бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Родос
Атина, 28 август 2020 (МИА) – Брод со околу 50 бегалци и мигранти, доцна синоќа преку европскиот број за итни случаи побарал помош, југоисточно од островот Родос, по што за спасување интервенирала грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објавија грчките медиуми, бродот со бегалците и мигрантите со помош на реморкер, утрово пристигнал  на островот Родос, а согласно протоколите, сите ќе бидат тестирани за Ковид-19. ср/

Остани поврзан