Спартак против ЖРК Ѓорче Петров во финалето на женскиот ракометен Куп
- Ракометарките на Спартак обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија, откако вечерва во второто полуфинале во Струмица го совладаа Чаир со 24-23 (13-10).
Струмица, 18 април 2026 (МИА) – Ракометарките на Спартак обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија, откако вечерва во второто полуфинале во Струмица го совладаа Чаир со 24-23 (13-10).
Натпреварот беше израмнет до средина на првото полувреме, кога Спартак ја презеде резултатската контрола и навести сензација против големиот фаворит.
Ракометарките на Чаир го доведоа полуфиналето во драматична завршница, но Спартак успеа да ја зачува минималната предност и прв пат во клупската историја да се пласира во куп финалето.
Претходно денеска, ЖРК Ѓорче Петров рутински го совлада Пелистер со 37 – 15 и в недела од 17 часот во салата „Парк“ во Струмица ќе го брани трофејот против Спартак. ег
ФОТО: РФМ