ЖРК Ѓорче Петров прв финалист во женскиот ракометен Куп
- Во првото полуфинале на женскиот ракометен Куп на Македонија, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров не дозволија изненадување и лесно го совладаа вечерва младиот состав на битолски Пелистер со 37-15.
Струмица, 18 април 2026 (МИА) – Во првото полуфинале на женскиот ракометен Куп на Македонија, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров не дозволија изненадување и лесно го совладаа вечерва младиот состав на битолски Пелистер со 37-15.
Бранителот на трофејот од самиот почеток доминираше на паркетот во салата „Парк“ во Струмица и веќе на полувремето имаше недостижна предност од 14 голови.
Ѓорѓиевска со девет голови беше најефикасна во редовите на ЖРК Ѓорче Петров и воедно на натпреварот, додека Бундоска постигна пет голови во редовите на Пелистер.
Противник на ЖРК Ѓорче Петров во утрешното финале ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Спартак и Чаир. ег
ФОТО: ЖРК Ѓорче Петров/Фејсбук