• недела, 19 април 2026

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП

 

Скопје, 18 април 2026 (МИА) – Во двата денешни натпревари во рамки на 28. коло во Првата македонска фудбалска лига, скопски Вардар со убедлив триумф од 7-0 над последнопласираниот Шкупи се врати на чело на табелата, додека Пелистер освои важни бодови во битката за опстанок, совладувајќи ја Македонија ЃП со 2-0.

Вардар извојува рутинска победа на гостински терен против градскиот ривал со головите на Закариќ (10 минута), Бабунски (44), Рустеми (автогол, 45+3), Тодоровски (56), Цветковиќ (63), Спахиу (82) и Омерагиќ (90+2).

На дуелот во Битола, фудбалерите на Пелистер ја прекинаа серијата од два натпревари без победа со головите на Ивановски (49) и Србијанац (72).

Двата завршни натпревари од 28. коло се на програмата утре, кога Работнички го пречекува Арсими, додека Башкими е домаќин на Струга.

Табела: Вардар 68, Шкендија 67, Струга 59, Силекс 52, Тиквеш 40, Башкими 37, Арсими 35, АП Брера 33, Пелистер 29, Работнички 25, Македонија 24, Шкупи 1. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан