Реал Сосиедад го освои Купот на Кралот
- Фудбалерите на Реал Сосиедад го освоија шпанскиот Куп на Кралот, совладувајќи го синоќа Атлетико Мадрид на пенали со 6-5 (2-2) во финалето во Севиља.
Севиља, 19 април 2026 (МИА) – Фудбалерите на Реал Сосиедад го освоија шпанскиот Куп на Кралот, совладувајќи го синоќа Атлетико Мадрид на пенали со 6-5 (2-2) во финалето во Севиља.
Баскискиот тим ја повтори историјата кога пред 39 години го победи Атлетико Мадрид во финалето на Купот, исто така, по изведувањето на пенали, откако натпреварот заврши нерешено 2-2.
За Реал Сосиедад ова четврти куп трофеј во клупската историја, шест години по нивниот последен триумф.
Реал Сосиедад поведе со голот на Андер Баренетесе по само 15 секунди, пред Нигериецот Адемола Лукман да израмни (11).
Микел Ојарзабал повторно му донесе водство на Реал од пенал во 45 минута, а Хулијан Алварез со прекрасен гол во 83 минута втор пат го израмни резултатот.
Фудбалерите на Реал беа поуспешни во пенал серијата, а а ударите на Сорлот и Алварез ги одбрани голманот Унаи Мареро. ег
ФОТО: ЕПА