• сабота, 20 јули 2024

Со такси лани превезени 14 341 000 патници

Со такси лани превезени  14 341 000 патници

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои
12 749 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1 592 000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Со 1 556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

ДЗС споделува податоци и за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин,  2 752 тони дизел и  на   2 239 тони автогас. лв/са/

фото: МИА архива 

Остани поврзан