Со распоред за наводнување рационално се користи водата од хидроакумулациите во струмичко
- Со распоред за наводнување од по три дена за повеќе атари во струмичко се користи водата за наводнувањето од хидроакумулациите од струмичко и доколку продолжи неповолната хидролошка состојба наводнувањето на површините засеани со најразлнични култури е обезбедено до септември.
Струмица, 18 август 2025 (МИА) - Со распоред за наводнување од по три дена за повеќе атари во струмичко се користи водата за наводнувањето од хидроакумулациите од струмичко и доколку продолжи неповолната хидролошка состојба наводнувањето на површините засеани со најразлнични култури е обезбедено до септември.
Ова го изјави раководителот на Подружницата „Струмичко поле“ при АД „Водостопанство на Македонија“, Костадин Стојанов, кој додава дека двете најголеми акумулации-„Турија“ и „Водоча“ засега имаат насобрано доволно вода.
-Во најголемата акумулација „Турија“ имаме 15,3 милиони кубни метри вода од вкупно 50 милиони. Во „Водоча“ вчера се измерени 10 милиони кубни метри вода од вкупен капацитет од 27 милиони кубни метри вода, информираше Стојанов.
Според него, помалите акумулации Новоселка, Чаушица, Иловица и Маркова река се на минумум, но тие бргу се полнат.
Инаку, од акумулацијата „Турија“ градот Струмица и повеќе населени места трошат меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење годишно.рт/сст/
Фото: МИА архива