• недела, 22 декември 2024

Со повеќе активности ќе се одбележи Денот на згрижувачките семејства

Со повеќе активности ќе се одбележи Денот на згрижувачките семејства

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Со повеќе промотивни активности низ градовите во државата, СОС Детското село ќе го одбележи Денот на згрижувањето, кој е посветен на подигнување на свеста за значењето и важноста на згрижувањето на децата, кои се наоѓаат во различни видови социјална и семејна ранливост. 

Денот на згрижувањето традиционално се одбележува на 1 јуни и има за цел да ја истакне улогата на згрижувачите и значењето на нивната поддршка и љубов кон децата кои поради различни причини не можат да живеат со своите биолошки семејства.

Како што е најавено, во East Gate во Скопје од денеска до 2 јуни ќе биде отворена изложба или инсталација на четири тематски куќички кои информираат за згрижувањето. 

Изложба или инсталација на тематска куќичка која информира за згрижувањето ќе биде отворена и во Трговски Центар Глобал во Струмица.

Денот на згрижувањето денеска во Гевгелија и во Свети Николе ќе се одбележи преку непосредна комуникација со граѓаните и случајни минувачи стручните лица од ЦПЗС СОС Детско село и ЦСР Гевгелија, кои ќе поделат информативни флаери и мотивациски честитки и ќе информираат за згрижувањето како услуга. бт/дма/

Фото: Pixabay.com

Остани поврзан