• понеделник, 23 декември 2024

Со донација на верници поплочена патеката и изградена чешма во муслиманските гробишта во Дебар

Со донација на верници поплочена патеката и изградена чешма во муслиманските гробишта во Дебар
Дебар, 20 јануари 2022 (МИА) – Со донација на иселеник од Дебар во Италија, како и верници од градот, поплочена е со бекатон плочки патеката во муслиманските градски гробишта а изградена е и нова чешма. Како што велат во дебарското муфтиство, ова е уште една потврда за блогодната душа на нашинците од дијаспората, кои и до сега безброј пати ја покажале нивната приврзаност кон родниот крај со многу добротворни дела. - Сведоци сме на големата дарежливост на дебрани од дијаспората со многу нивни хумани дела. Во оваа прилика му се заблагодаруваме на бизнисменот и наш сограѓанин Арбен Абазовски, сопственик на фирмата „Edil Bene“ од Италија, кој донира 1.480 квадратни метри бекатон плочки за патеката во градските гробишта, а обезбеди средства и за работна рака, нагласуваат од муфтиството. Оттаму изразија благодарност и до Јашар Рамаданоски, познат градежен работник, чија донација се ивичњаците на долгата патека, до Веап Ценобавто, сопственик на транспотната фирма „Венера комерц“ и двајцата од Дебар, со чија донација е изградена чешма. - Посебни заслуги за добронамерниот посредник како и поттикнувач на добри дела Рахман Војка. Го молиме големиот Бог да им даде успех во животот, семејството и среќа во нивните ангажмани. Кој не им се заблагодарува на луѓето, не му се заблагодарува ниту на создаделот, посочуваат од дебарското муфитство. Под надлежност на дебарското муфтство се општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река. вт/фф/

Остани поврзан