• понеделник, 10 јуни 2024

Со брза интервенција на полицијата пронајдено одземено возило во Скопје

Со брза интервенција на полицијата пронајдено одземено возило во Скопје
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека со брза интервенција на полицијата, денеска во Бутел е пронајдено патничко возило "ауди", сопственост на Р.Ф., кој околу 15 часот во Полициска станица Чаир го пријавил дека му било одземено. Според пријавеното, како што се посочува, тој возилото го оставил со клучеви во брава, пред угостителски објект во Скопје - Север, а неговото невнимание било искористено и возилото му било одземено. По добиената пријава, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир веднаш излегле на терен и по  преземени мерки и активности го пронашле возилото паркирано на ул. „Гвадалахара". По извршениот увид одземеното возило ќе биде вратено на сопственикот, информираат од МВР. рп/вг/

Остани поврзан