• понеделник, 23 декември 2024

Сослушувањето на Асанж ќе продолжи во септември

Сослушувањето на Асанж ќе продолжи во септември
Лондон, 4 мај 2020 (МИА) – Судот во Лондон денеска соопшти дека сослушувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе продолжи во септември, откако беше одложено поради пандемијата со новиот коронавирус. На сослушувањето во Вестминстерскиот суд, што новинарите можеа да ги следат преку екрани, договорено е процесот да продолжи во септември, а датумот и местото дополнително ќе бидат соопштени. Асанж не присуствуваше на денешното сослушување. Тој е во затворот Белмарш, а според неговите адвокати, тој не се чувствувал добро. Партнерката и адвокатка на Асанж, Стела Морис, изјави дека неговиот живот е во опасност поради Ковид-19. Асанж е обвинет во САД поради наводно хакирање на владините компјутери и шпионажа. ми/

Остани поврзан