Сообраќајот по претежно суви коловози, намалена видливост кај Демир Капија
- Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Скопје, 12 декември 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат информира дека кај Демир Капија е намалена видливоста до 50 метри поради магла.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.
На возачите им се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.
Фото: МИА архива