• вторник, 13 јануари 2026

Сообраќајот непречено, по влажни коловози

Сообраќајот непречено, по влажни коловози

Скопје, 6 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. 

Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан