• среда, 04 март 2026

Вечер е Стара Нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

Вечер е Стара Нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Православните христијани, кои се водат според јулијанскиот календар, вечер ќе ја пречекаат Стара Нова година, која почнува утре на Василица (1/14 јануари).

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние што го носат името на свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод празниците Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил училиште во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари 379 година.

Покрај Македонската православна црква, верските празници според јулијанскиот календар ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Инаку, Црквата си има свое празнување и почеток на Новата година, но тоа се случува на 1/14 септември.са/дма/

Фото: МИА архива / Chatgpt

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан