• понеделник, 18 ноември 2024

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Скопје, 7 јануари 2022 (МИА) - На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. ОД АМСМ информираат дека на самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно возење. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од 15.11.2021 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2022 година. цр/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан