• четврток, 17 јули 2025

Сончево со температура до 34 степени

Сончево со температура до 34 степени

Скопје, 22 јуни 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. 

Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето во наредните денови ќе биде стабилно, претежно сончево и топло, а од УХМР најавуваат и пораст на температурите. ев/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан